Со поголема масовност и помал квалитет, но и вообичаено паралелно со лигата на шампионите се одвиваат и натпреварите од купот на УЕФА. Првото коло ќе биде чистилиште за 80 екипи, од кои половината ќе учествуваат во фазата по групи, односно ќе обезбедат барем уште четири средби во меѓународна конкуренција.
Бранителот на трофејот е тимот на ЦСКА Москва која дома го совлада Матјиланд со 3:1. Купот на УЕФА за нас ќе биде посебно интересен поради настапот на повеќемина македонски интернационалци.
Шиков со Ксанти вечерва гостува на Ривер Сајт кај Мидлсброу, Петров, Јанчевски и Халими со својот Локомотив Пловдив ќе му се споротивстават на Болтон. Зенит на Шумуликовски од АЕК со Николче Новески е во Шпанија каде што Мајнц ќе игра со Севиља.
Од другите средби за издвојување е француско-шпанската пресметка меѓу Рен и Осасуна, гостувањето на Рапид Букурешт кај Феенорд, дуелот на Бај Арената меѓу Баер и ЦСКА Софија како и оној во Турција меѓу Бешикташ и Малме.