Крајот на елиминацијона фаза
40 екипи од 19 земји ќе ги формираат осумте групи во наредната рунда од најмасовното европско клубско натпреварување - купот на УЕФА.
Ова по синоќешните реванш натпревари кои потврдија дека во европскиот фудбал се помалку важи поделбата на фаворити и аутсајдери.
Три поранешни прваци во купот на УЕФА остануваат во рамките на националните лиги оваа сезона. Изненадувачки елиминации доживеја Галатасарај, Феенорд и Баер Леверкузен.
Турскиот гигант против норвешкиот Тромзо не само што не успеа да ја надополни негативата по поразот од првиот дуел туку и се спаси од нов пораз на 13 минути до крајот за 1:1.
Двократниот УЕФА шампион Феенорд загуби во Букурешт од Рапид со 1:0 и на идентичен начин како и Галатсасарај се прости од Европа против тимот кој го елиминираше и нашиот Вардар.
Баер Леверкузен останува без евро - дуели уште посрамно без постигнат гол со два минимални порази од 1:0 со софиска ЦСКА.
Од позвучните имиња жртви на аутсајдерите на хартија беа и Спортинг Лисабон, Оксер, Партизан и Евертон.
Фаворитската улога ја оправдаа Олимпик Марсеј и Хамбургер, потоа Рома, Монако, Херта, Севиља, Еспањол и Брондби.


0 Comments:
Post a Comment
<< Home